|
Основи на ИТИЛ (ITIL foundation)
Прв
чекор во унапредувањето на компетенцијата на вработените во ИТ процесите
согласно ИТИЛ најдобрата пракса е стекнување на основните познавања за
ИТИЛ најдобрата пракса. Обуката за основите на ИТИЛ верзија 3 е вовед во
основите на Управувањето со испорака на ИТ услуги (Information
Technology Service Management – IТSM) согласно последната верзија
(3-три) на глобалната ИТ инфраструктурна библиотека (ITIL – IT
Infrastructure Library) и се фокусира на основните термини, концепти и
врски помеѓу ИТИЛ процесите. Со оваа обука слушателите се оспособуваат
за полагање на испитот за стекнување со сертификат за ИТИЛ основи – ITIL
Foundation Certificate.
Стекнатото знаење од оваа обука се однесува на процесите и функциите
потребни за испорака, мерење и подобрување на ИТ услугите. Обуката дава
темелен вовед во концептите и терминологијата потребна за стекнување на
ITIL foundation сертификатот. Се изучуваат улогите на сите фази на „животниот
циклус“ на услугите во обезбедувањето на најдобрата пракса при
испораката на ИТ услугите:
 |
Стратегија со услугите
– преглед на севкупните деловни цели и очекувања за кои се
обезбедува поддршка од ИТ |
 |
Дизајн на услугите –
оценка како новите или изменети деловни барања влијаат врз развојот
на решенијата, дизајнирани за исполнување на документираните потреби
на деловноста.
|
 |
Транзиција на услугите
– опфаќа управување со измени, ризици и остварен квалитет во
контролирана испорака на дизајнираните услуги во живата ИТ
инфраструктура
|
 |
Операции со услугите –
се однесува на поддршката за стабилна деловност на продукциската
околина, со минимизирање на прекините и нивно намалено појавување.
|
 |
Континуирано
подобрување на услугите – примена на дисциплиниран, процесно
ориентиран пристап за постојаното подобрување на сите фази од
животниот циклус и процесите во нив. |
|