|
TONBELLER AG и Нет.Бит ги
поддржуваат македонските организации во нивната борба против
финансиски криминал
На 15-ти ноември 2011 во Скопје, Македонија ќе се одржи
конференција на тема Спречување Перење Пари, Превенција на
Финансирање Тероризам, Превенција од Измами и Запознајте го
Својот Клиент.
Скопје, Македонија, Бенсхајм, Германија, 2-ри ноември, 2011 –
TONBELLER и Нет.Бит
ги здружија силите интензивирајки го своето партнерство со цел
да ги поддржат Македонските организации во справувањето со
најновите случувања во борбата против финансискиот криминал како
и влијанието на македонската регулативата од оваа област. За таа
цел на 15-ти ноември 2011 во ресторанот
Воденица-Мулино во Скопје, двете компании ќе одржат
конференција и тркалезна маса за корисници.
Конференцијата ги спојува експертите за усогласеност од цела
Македонија за да разговараат за најновите регулативи, случувања
и влијанието на македонската регулатива врз локалните финансиски
институции, пристапот на најдобра пракса за исполнување на овие
барања како и најновите трендови во борбата против финансискиот
криминал.
На овој настан, клиентите и заинтересираните страни ќе имаат
можност да дискутираат за предизвиците на кои што наидуваат
експертите за усогласеност и како да се надминат истите, да се
запознаат со новопонудените решенија, да препознаат како да ги
поткрепат тековните инвестиции во технологијата за законска
усогласеност, и да слушнат од македонските клиенти за специфични
случаи за законска усогласенот.
На претпладневната сесија сите заинтересирани страни ќе имаат
можност да се здобијат со повеке информации за предизвиците при
исполнување на усогласувањата со македонскиот закон за
спречување перење пари како и за најдобрите практики за
развивање и имплементирање на ефективен АМЛ систем. Темите се
однесуваат на Запознај го својот корисник – прифакање на
корисникот како прва одбрамбена линија против финансискиот
криминал, проверка на политички експонирани личности, управување
со санкциски листи и како до комплетна АМЛ програма на
единствена платформа.
На попладневната сесија корисниците од Македонија ќе разменат
знаења и проектни идеи од нивната област. Темите ќе бидат
Визијата и мисијата на TONBELLER
во областа на решенијата за усогласеност, детални информации за
процесот на отварање на сметки и процесот Запознај го својот
корисник, новата конзола за ризици и усогласеност на
TONBELLER, како да се
прошири стратегијата за финансиски криминал со мониторирање на
санкциски листи, надзор на пазарот и откривање на измама како и
детален поглед на Siron решенијата на
TONBELLER согласност планот
за 2012 година.
Нет.Бит и TONBELLER
ќе им покажат на организациите како да се справат со
разновидните предизвици во борбата против финансискиот криминал.
Богатото портфолио на TONBELLER
како и интернационалното искуство со над 850 инсталации во 50
земји заедно со широкото искуство на Нет.Бит во понудата
на консултантски услуги и сервиси, ја поткрепува високата
интеракција.
Тоа на заинтересираните организации им се нуди можност за брзо
поставување на сигурно, финансиски исплатливо и високо
автоматизирано решение кое е усогласено со регилативите,
обезбедува заштита од санкции и ги ослободува одговорните оддели
и вработените од рачна работа.
Подетални информации за настанот и регистрирање на следниот линк:
Конференција:
http://www.tonbeller.com/2011/event/macedonia (предпладневна
сесија за заинтересианите страни)
Тркалезна маса за корисници:
http://www.tonbeller.com/2011/conference/macedonia (попладневна
сесија за корисници и заинтересирани страни)
За повеке информации во врска со Siron решенијата за
усогласеност со регулатива, посетете го следниот линк:
http://www.tonbeller.com/
За Нет.Бит
Нет.Бит е приватна фирма за консалтинг и информатички инженеринг.
Основана е во 2006-та година, главно од тим на профеционалци кои
работеле заедно уште од 2002. Седиштето на Нет.Бит e во Скопје,
а канцеларии има и во Велес. Нашата визија е да станеме водечка
регионална фирма во испорака на информатички услуги и деловен
консалтинг. Нашата мисија е да градиме партнерски односи со
нашите клиенти во разбирањето и решавањето на нивните деловни
потреби со изнаоѓање на напредни решенија кои ќе им обезбедат
поголема конкурентност, квалитет и раст на нивниот бизнис. Наши
клиенти главно се банки, финансиски институции и мобилни и
фиксни телеком оператори. Производ на Нет.Бит се деловни
информатички системи (опрема, програми, консалтинг, проектирање
и интеграција), како и деловен консалтинг за управување со
квалитетот, сигурноста на информациите и деловниот континуитет.
Нашите производи се од стратешка важност за нашите клиенти.
Нет.Бит во моментов вработува 15 експерти, и други надворешни
консултанти од разни профили. Главната одлика и инвестиција на
Нет-Бит е високо-обучениот и професионален тим. Преку постојана
едукација, Нет-Бит ги следи сите светски трендови и ги
испорачува услугите според највисоките светски стандарди. За
повеќе информација посетет ја нашата веб страна www.netbit.com
За TONBELLER
TONBELLER е интернационална компанија за софтвер и консалтинг
услуги која поддржува повеке од 100 клиенти во 50 земји. Во
тесна соработка со глобалната мрежа на партнери компанијата ги
задоволува регионалните потреби кои се однесуваат на потребната
експертиза и очекувања на клиентите. Решенијата на ТОНБЕЛЕР,
компатибилни на различни платформи, се состојат од
специјализиран консалтинг, апликации за борба против
финансискиот криминал и алатки за менаџирање на комплексни и
динамични процеси на одлучување. Одржливоста на лидерската
позиција и развојот на софтвер се интегрален дел од културата на
компанијата, преставуваат основа за долгорочна соработка со
клиентите и ги штитат инвестициите. Решенијата на ТОНБЕЛЕР
помагаат во управувањето со комплексни и динамички податоци, го
минимизираат ризикот и се во согласност со правните регулативи.
Преку инвативна технологија и косалтинг повеќе од 100 високо
стручни и специјализирани вработени на TONBELLER осигуруваат
продуктивна примена и оперативност на решенијата. TONBELLER се
наоѓа во Бенсхајм, Германија. За повеќе информација посетет ја
нашата веб страна
www.tonbeller.com
За повеќе информации обратете се на:
Медиуми
TONBELLER AG
Martin Gwisdalla
Менаџер за односи со јавност
Тел.: +49-6251-7000-412
Факс: +49-6251-7000-140
Е-маил:
martin_gwisdalla@tonbeller.com
Интернет:
http://www.tonbeller.com
Нет.Бит
Наташа Дрвошанска
Проектен Менаџер
Тел.: +389-2-3298-533
Факс: +389-2-3298-533
Е-маил:
natasa.drvosanska@netbit.mk
Интернет:
http://www.netbit.com.mk
Клиенти
TONBELLER AG
Werner-von-Siemens-Str. 2
64625 Bensheim
Tel.: +49 6251 7000 0
Fax: +49 6251 7000 140
E-mail: info@tonbeller.com
Интернет:http://www.tonbeller.com
Нет.Бит
ул. Чедомир Миндеровиќ 41
1000, Скопје
Тел.: +389-2-3298-533
Факс: +389-2-3298-533
Е-маил: contact@netbit.mk
Интернет:
http://www.netbit.mk
|